Во Пакадо работиме со широк спектар на картонски материјали кои ги прилагодуваме според тежината, намената и естетиката на вашите производи. Нашите материјали обезбедуваат стабилност, заштита и професионален изглед.
Изберете го вистинскиот тип на картон за вашите пакувања – според цврстина, дебелина и намена.
| Тип на материјал | Дебелина | Примена |
|---|---|---|
|
Двослоен
|
~1.5 мм | Внатрешна заштита, пополнување, обложување |
| Крафт B + C бран (петслоен) | ~6 мм | Големи и тешки производи, транспортна сигурност |
| Крафт B бран (трислоен) | ~3 мм | Средноголеми кутии, брендирање, флексибилност |
| Крафт E бран | ~1.6 мм | Мали кутии, фина амбалажа, каширање |
| C + B бран (петслоен) | ~6 мм | Издржливи транспортни решенија |
| C + E бран (петслоен) | ~5.6 мм | Поголеми пакувања со визуелен финиш |
| Трислоен B бран | ~3 мм | Баланс меѓу цена, издржливост и печат |
| Три слоен C бран | ~4 мм | Слотер кутии, штанцување, транспорт |
Висококвалитетни материјали за издржливо и ефикасно пакување
Квалитетот на материјалот директно влијае врз издржливоста, функционалноста и изгледот на секое пакување. Затоа во Пакадо користиме внимателно селектирани картонски материјали кои обезбедуваат стабилност, заштита при ракување и транспорт, како и уредна основа за брендирање и визуелна презентација.
Во зависност од типот на производот, неговата тежина, чувствителност и начинот на дистрибуција, ви помагаме да го изберете најсоодветниот материјал – од лесни решенија за внатрешна заштита, до цврсти повеќеслојни картони за поголеми и потешки пакувања. На тој начин секое пакување е прилагодено не само да изгледа професионално, туку и сигурно да ја исполни својата основна функција.