Во Пакадо работиме со широк спектар на картонски материјали кои ги прилагодуваме според тежината, намената и естетиката на вашите производи. Нашите материјали обезбедуваат стабилност, заштита и професионален изглед.
Изберете го вистинскиот тип на картон за вашите пакувања – според цврстина, дебелина и намена.
| Тип на материјал | Дебелина | Примена |
|---|---|---|
|
Двослоен
|
~1.5 мм | Внатрешна заштита, пополнување, обложување |
| Крафт B + C бран (петслоен) | ~6 мм | Големи и тешки производи, транспортна сигурност |
| Крафт B бран (трислоен) | ~3 мм | Средноголеми кутии, брендирање, флексибилност |
| Крафт E бран | ~1.6 мм | Мали кутии, фина амбалажа, каширање |
| C + B бран (петслоен) | ~6 мм | Издржливи транспортни решенија |
| C + E бран (петслоен) | ~5.6 мм | Поголеми пакувања со визуелен финиш |
| Трислоен B бран | ~3 мм | Баланс меѓу цена, издржливост и печат |
| Три слоен C бран | ~4 мм | Слотер кутии, штанцување, транспорт |
Висококвалитетни материјали за издржливо и ефикасно пакување
Двослојно велпапе (ролна) / (Сеуште сме во подготовка)
Составено од еден рамен и еден брановиден слој. Не е доволно цврсто за изработка на кутии, но е идеално за внатрешна заштита, пополнување и амортизација при транспорт.
➡️ Се испорачува во ролни, многу е флексибилно и лесно за ракување.
Крафт петслојно велпапе – B + C бранови
Дебелина: ~6мм. Се користи за тешки и големи производи или чувствителна опрема.
➡️ Крафт верзијата е произведена од дрвна маса и нуди дополнителна издржливост.
Крафт трипластно велпапе – B бран
Дебелина: ~3мм. Најчест избор за средноголеми амбалажи.
➡️ Обезбедува добра површина за печат и е отпорно на среден притисок.
Крафт микровелпапе – E бран
Дебелина: ~1.6мм. Идеално за мали кутии со фино брендирање или каширање.
➡️ Овозможува висококвалитетен печат и визуелна прецизност.
Петслојно велпапе – C + B бранови
Дебелина: ~6мм. Стандардна опција за поголеми пакувања со повисока носивост.
➡️ Обезбедува дополнителна заштита при транспорт.
Петслојно велпапе – C + E бранови
Дебелина: ~5.6мм. Алтернатива на B + C комбинацијата.
➡️ Комбинира стабилност со можност за поквалитетен финиш.
Трипластно велпапе – B бран
Дебелина: ~3мм. Балансирано решение за издржливост и флексибилност.
➡️ Подеднакво погодно за транспорт и брендирање.
Трипластно велпапе – C бран
Дебелина: ~4мм. Најчесто користен материјал за транспортни и слотер кутии.
➡️ Идеален за штанцување и стандардизирано пакување.